zanas

 

Здружението планинарско-спортски клуб „Пелистер“ - Битола е најтрофејното и најстарото национално планинарско-спортско друштво на Република Македонија. Тоа е доброволна, масовна, вонпартиска општествена организација на граѓаните на Република Македонија, која дејствува во областа на спортот и воспитувањето. Здружението е конститутивен дел на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и Македонската планинарска асоцијација.

Клубот е основан во Битола во 1935 год. со име Туристичко-планинарско друштво „Пелагонија“, а Здружението планинарски спортски клуб „Пелистер“ е негов правен наследник. Како основоположник на македонското национално планинарско движење друштвото ги постави основите на организираното планинарење и скијање во Македонија.

Во текот на своето постоење ги изнедри најголемите имиња на битолското и македонското планинарство, меѓу кои и Димитар Илиевски Мурато, кој во 1989 година стана првиот Македонец ја освои Кралицата на Небото, Сагармата - Монт Еверест!

Од ПСК „Пелистер" произлегоа многу државни прваци во скијање во сите категории, а неговите планинари стигнаа на највисоките точки од Балканот - Мусала, Олимп, Триглав, Пирин, Кораб, Пелистер, Пинд, Боботов Кук, Солунска Глава... на највисоките места од Европа и светот - Елбрус, Матернхорн, Арарат, Доломити, Монблан, Аконкагва, Килиманџаро, Врвот на Комунизмот, Хималаите.

Baba Planina